Posts

Showing posts from June, 2024

Дигитален отпечаток

Image
  Што е дигитален отпечаток? Дигитален отпечаток  (fingerprinting или footprinting) е постапка во која трета страна, без оглед дали зборуваме за хакери или разни компании од интерес, прибираат различни делови од информации за вашите уреди, вашето движење на интернет и ги спојуваат во единствена слика или „дигитален отпечаток“ на корисникот/чката. Дури и наизглед тривијални информации можат да се користат за создавање на единствената слика, на вашиот дигитален отпечаток. Постојат две основни форми кои придонесуваат во градењето на дигитален отпечаток, а тоа се дејствија кои се случуваат преку пребарувачите (browser s ) и дејствија кои се случуваат на уредите кога податоците се доставуваат преку апликации кои корисникот/чката ги инсталирал/а на својот уред. Во повеќето случаи дигиталните отпечатоци ги следи третата страна, а не директно веб локацијата која некој ја   посетува или апликацијата која некој ја користи. Како поединецот/ката го користи својот уред, определени про...